Top Sport

Злато за Јужна Кореја, светски рекорд за Холандија

Штафетата на Јужна Кореја во брзо лизгање, на кратки патеки, го освои златниот медал на 3.000 метри на Зимските олимписки игри. Интересно Холандија на истата делница постави нов светски рекорд, но мораше да се задоволи само со бронзениот медал.

Штафетата на Јужна Кореја во состав Шим Сук Хи, Чои Мин Џоенг, Ким Је Џин и Ким А Ланг трката во А-финалето ја заврши со време 4:07.361 минути. репрезентативките на Кореја со овој резултат ја одбранија титула освоена пред четири години во Сочи.

Среброто на 3.000 метри го освои штафетата на Италија во состав Аријана Фонтана, Лучија Перети, Сесилија Мафеи и Мартина Валчепина. Италијанките во финалето имаа резултат 4:15.901 минути.

Интересно Јужна Кореја и Италија кои се бореа за златото во А-финалето имаа послаби времиња од штафетите на Холандија и Унгарија кои во Б-финалето се бореа за бронзениот медал.

Холанѓанките во состав Сузан Шутлинг, Јара Ван Керкоф, Лара Ван Руивјен и Јориен Тер Мос со време на нов светски рекорд 4:03.471 минути го освоија бронзениот медал.

Подобар резултат од првите две селекции имаа и Унгарките кои завршија на четвртото место (4:03.603 минути).

Scroll to Top