Top Sport

Злато за Леман, страотен пад на Делбоск (Видео)

Канаѓанецот Брејди Леман го освои златниот медал во акробатско скијање, во дисциплината ски-крос, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Натпреварувањето го обележаа паѓањата на тројца натпреварувачи, од кои најлошо мина Кристофер Делбоск од Канада.

Ленам го искористи ххаосот на патеката, кога најпрвин во горниот дел близок контакт имаа Кевин Друри и Сергеј Рижик, а потоа и теѓките паѓања на Австриецот Кристоф Варштатер, Французинот Теренс Цикнавориан и Канаѓанецот Кристофер Делбоск.

Тројцата на носилки беа изнесени од патеката, а се чини дека најлошо мина кандскиот репрезентативец Длбоск.

Леман златото го освои пред Швајцарецот Марк Бишофбергер, додека третото место му припадна на олимпиецот од Русија Рижик.

Оваа дисциплина е дел од олимписката програма од Игрите во Сочи во 2014 година. Шампионот од пред четири години Жан Фредерик Шапуи о Пјонгчанг не успеа да го мине четвртфиналето.

Scroll to Top