Top Sport

Злато за Мојсовска на Светскиот куп во Умаг

Каратисктата на „Макпетрол“, Ангела Мојсовска, го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во категоријата -68 килограми, на Светскиот куп во Умаг, Хрватска.

Петар Заборски, помошен тренер во Макпетрол, истакна дека Ангела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал.

Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со спортистката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.

Ангела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на Агенцијата за млади и спорт. Во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет. Светскиот куп е во организација на Светската карате федерација, ВКФ.

Scroll to Top