Женската репрезентација на Норвешка го освои затниот медал во штафетната трка 4×5 километри на Зинските олимписки игри во Пјонгчанг.
Норвежанските во состав Ингвилд Естберг, Астрид Јакобсен, Рагнил Хага и Марит Бјерген трката ја завршија за 51 минута и 23,3 секунди.
За Бјерген која настапи во последната измена ова е 13. медал од олимпијадите, вкупно седми во кариерата. Таа на вечната листа се израмни со сонародникот, бијатлонецот Оле Ејнар Бјерндален, како олимпијци со најмногу освоени медали во историјата.
Сребрениот медал го освои штафетата на Шведска која зад победничките задоцни за две секунди, додека на третата позиција завршија Русинките со време 52 минути и 07,6 секунди.