Американките Кикан Рендал и Џесика Дигинс го освоија златниот медал во тимскиот спринт на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Трката ја обележа Норвежанката Марит Бјерген која стана најуспешниот спортист во историјата на зимските олимпијади.
Рендал и Дигинс трката ја завршија за 15 минути, 56 секунди и 47 стотинки. Американките за 19 стотинки беа побрзи од Швеѓанките Шарлот Кала и Стина Нилсон.
Клучниот момент на трката се случи веднаш по поледната измена кога Дигинс успеа да ја мине Швеѓанката Кала, а потоа и Норвежанката маикен Касперсен Фала.
Покрај САД и Шведска место на подиумот изборија и Норвежанките Марит Бјерген и Маикен Касперсен Фала кои за три секунди имаа полош резултат од новите олимписки шампионки.
Бјерген со овој медал го мина сонарднкиот Оле Ејнар Бјерндален и таа е најуспешниот спортис во историјата на зимските олимпијади.
Марит Бјерген низ кариерата на ЗОИ има освоено 14 медали (7 златни, 4 сребрени, 3 бронзени). Бјерген во Пјонгчанг ќе има можност да освои упте еден медал, бидејќи ќе настапи и на трката на 30 километри, на која пред четири години во Сочи го освои златниот медал.