Top Sport

ЗОИ: Две сестри ќе играат за различни репрезентации

Сестрите Мариса и Хана Брент ќе играат хокеј на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг за две различни репрезентации Јужна Кореја и САД. Хана (23) ќе игра за репрезентацијата на САД, а една година постарата Мариса ќе настапи за Јужна Кореја.

Мариса како четирмесечно бебе ја напуштила Јужна Кореја, чие државјанство доби во 2016 година за да може да игра за оваа репрезентација на ЗОИ, кои ов 9. до 25.февруари 2018 година ќе се одржат во Пјонгчанг.

„Ќе биде интересно што ќе играм една против друга на Олимписките игри. Но не е нешто посебно чудно“, рекла Мариса. Кога биле мали неа и нејзината сестра родителите ги одвеле во кампкој ја проучува корејската култура.

„Тоа воопшто не ми се допадна, а Хана го обожуваше тој камп, поради тоа се врќавме таму секоја година. Беше смешно таа ја сакаше корејската храна и сакаше таеквондо, јас не сакав ништо“, дополнила Мелиса.

Две недели откако Мелиса била посвоена ов 1993 година, нејзината мајка Робин останала бремена. Родителите во месец мај ја донеле Мариса, а Хана е родена во ноември.

Мајката Робин навела дека нејзиниот сопруг најверојатно ќе навива за Јужна Кореја бидејќи репрезентацијата е аутсајдер на ЗОИ, а дека таа ќе навива за двете ќерки.

Scroll to Top