Белорусинката Хана Хускова го донесе првото злато за Белорусија на Олимпијадата во Пјонгчанг, откакo ги совлада Кинеските Жанг Чин и Конг Фанју во натпреварувањето во фристајл скијање, дисциплина ериалс, која може да се нарече едноставно гимнастика на скии.
Скијачите во ериалс отскокнуваат од „рампа“ од 2-4 метри, која ги крева пет метри во воздухот, по што прават повеќе вртења и превртувања за да се вратат на скии. Судиите го решаваат победникот во однос на поени според отскокот (20 отсто), форма на скокот (50 отсто) и приземјување (30 отсто). Секој спортист има по три обиди во финалето.
Ова е втора Олимпијадa едноподруго во која Белорусија освојува злато, откако во Сочи во 2014, Ала Цупер го освои златото, а сега беше само на четвртото место.
Италија стигна до второто злато во Кореја, откако Микела Мојоли триумфираше во сноуборд-крос трката, откако претходно Аријана Фонтана победи во брзото лизгање на кратки патеки.
22-годишната Мојоли се врати по слабиот старт за да ја помине Американката Линдзи Џејкобелис и да стигне до победата. Французинката Жулија Переира беше втора, актуелната шампионка, Чехинката Ева Самкова беше трета, додека Џејкобелис заврши на четвртото место.
„Италијанските жени се жени. Имаме дополнителна брзина. Кога ја видов Аријана како победи ми даде поголем мотив. Не сакав само сребро или бронза“, вели Мојоли.
Холандија пак, стигна до своето шесто злато во седум дисциплини во брзото лизгање, откако 21-годишната Есме Висер ги изненади фаворитите за победа на 5.000 метри со 6:50.23. Чехинката Мартина Сабликова, шампионката од Ванкувер 2010 и Сочи 2014, беше бронзена, а Русинката Наталија Воронина освои бронза.
Висер, за разлика од другите холандски лизгачки ѕвезди, нема комерцијален партнер и тренираше со јуниорите во Гронинген. Таа е само втората Холанѓанка со титула во оваа дисциплина по Ивон ван Генип пред 30 години.