Тед-Јан Блемен го освои првиот канадски златен медал во брзо лизгање на 10 километри, за да ја прекине холандската доминација на лизгалиштето во Пјонгчанг.
31-годишниот ветеран, кој се пресели од Холандија во Калгари пред четири години, постави нов олимписки рекорд од 12:39.11 на трката на 10.000 метри, совладувајќи го актуелниот шампион, Холанѓанецот Јорит Бергсма (12:41.98) и Италијанецот Никола Тумолеро.
„Имав сон дека тоа може да се оствари и секогаш знаев дека имам доволно сила во мене да го покажам тоа. Морав да најдам поинаков начин бидејќи удрив во ‘ѕид’ во кариерата и затоа дојдов во Канада. Најдов нешто што никогаш нема да го заборавам“, вели Блемен.
Единствен Канаѓанец со било каков медал на 10 километри беше Френк Стак, кој освои бронза во далечната 1932 година.
Блемен е носител на светскиот рекорд на 10 километри од 12:36.30 поставен на брзото лизгалиште во Солт Лејк Сити во 2015 година. Неговиот татко, Герхард-Јан е роден Канаѓанец и има живеено во Канада до седмата година пред семејството да се пресели во Холанија.
Во санкањето, Германија го освои третиот златен медал на Олимпијадите, откако во тимската трка беа доминантни. Натали Гајзенбергер (олимписка шампионка), Јоханес Лудвиг и двојката Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (кои освоија злато во својата дисциплина) беа подобри од Канаѓаните, кои предводени од Алекс Гоуг стигнаа до среброто и квартетот на Австрија.
Германија беше шампион во тимската трка и во 2014 година. Феликс Лох имаше фантастична предност по три возења во машкото натпреварување, но катастрофата во четвртото возење, значеше дека Германија нема да ги собере сите медали во санкањето.