Олимпијците во Пјонгчанг имаат две опции – или го чекаат своето натпреварување или се натпреваруваат. Швајцарскиот фристајл-скијач, Фабијан Бош реши да ги „размрда работите“.
Бош реши да го искористи ескалаторот во олимпиското село на уникатен начин, со поддршка на швајцарските колеги.
„И по 20 години не успевам да сфатам како функционира ова чудо. Дали го правам ова исправно?“, напиша 20-годишниот Бош на социјалните мрежи.
Тој не застана тука, заедно со својот сонародник, хокеарот Фили Фурер решија да се обидат во „боб-санкање“ со количка за кревање палети.
„Подготвени за златото“, велат двајцата.