Симен Хегстад Кригер падна во првиот круг, но на крајот стигна до олимписко злато во скиатлонот 15+15 километри крос кантри скијање во Пјеонгчанг.
24-годишниот Норвежанец го комплетираше неверојатниот кам-бек со победа со 1:16:20, пред двајца свои сонародници Мартин Јонсруд Сундби и Ханс Кристер Холунд.
Неколку секунди по стартот на трката со масовен старт, Кригер се лизна и ја загуби десната скија, а двајцата скијачи зад него, Русите Андреј Ларков и Денис Спицов паднаа над него. Спицов на крајот го освои четвртото место, пропуштајќи шанса да освои злато за „Олимписките спортисти од Русија“, име под кое официјално се натпреваруваат Русите.