Јапонецот Јузуру Ханју со освоени 317,85 бода го освои златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Ханју беше најдобар по кратката програма освојувајќи рекордни 111,68 поени, додека во слободната програма освои 206,17 бода што му беше доволно за да стигне до најсјаното одличје.

Јапонецот на овој начин успеа да го одбрани златниот медал кој го освои на Игрите во Сочи пред четири години.

Ханју е првиот натпреварувач во уметничко лизгање кој по пауза од 66 години успеал да го одбрани златото. Победата на Јапонецот е уште поголема бидејќи тој во Пјонгчанг се врати по тешката повреда поради која можеше да ја заврши кариерата.

Јузуру до златниот медал дојде пред сонародникот Шоме Уно кој освои вкупно 306,90 бода, а на третата позииција со 305,24 бода се пласира Шпанецот Хавиер Фернандез.