Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Фуркад со фото-финиш стана најголемиот француски олимпиец (видео)

Биатлонската легенда Мартин Фуркад стана најуспешниот зимски олимпиец во историјата на Франција, по драматичното злато на 15 километри со масовен старт во Пјонгчанг, Јужна Кореја

29-годишниот Фуркад веќе беше дел од групата на трикратни олимписки шампиони по победата на 12.5 километри пурсуит, но тука беше и осмото место на 10 километри спринт по три грешки на стрелиштето за единствена трка оваа сезона во која не е на подиумот.

Со победата, остварена во фото-финиш пред Германецот Симон Хемп, Фуркад со четири злата ги поминува олимписките легенди Жан-Клод Кили (алпско скијање), Пол Масон (велосипедизам), Фелисија Баланжер (велосипедизам), Мари-Жозе Перек (атлетика) и Тони Естанге (кану на диви води). Третото место го освои Норвежанецот Емил Хегле Свендсен.

Scroll to Top