Докторот на германскиот олимписки тим ги советува своите спортисти веднаш по завршен натпревар на Зимските олимписки игри да се напијат пиво.
Германскиот олимписки тим во Пјонгчанг пристигнал со 3.500 литри безалкохолно и 11.000 литри „обично“ пиво. Германија во Јужна Кореја ја преставуваат 156 спортсти што значи дека за секој репрезентативец има по 93 литри пиво. Од германскиот тим велат дека за ова имаат логино објаснување.
Јоханес Шер, докторот на германските олимпијци, верува дека спортистиите треба често да пијат пиво. Шер смета дека конзумирање на безалкохолно пиво веднаш по завршен натпревар подобро делува на организмот од било кој друг пијалак.
Тој во 2009 година објавил научен труд во кој докажува дека спортистите кои по завршен тренинг имаат помалку проблеми со воспаление на мускулите, но и дека го намалуваат ризикот од евентуално воспаление на дишните патишта.
Објаснувањето е едноставно, пивото содржи повеќе полифенол кој благотворно делува врз имунолошкиот систем. Според докторот ниту еден друг пијалак што го консумираат спортистите не делува врз имунолошкиот систем како пивото.