Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Гисин најбрза во комбинација

Швајцарката Мишел Гисин победи во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Гисин имаше одлични изданија во двете трки (спуст и слалом) оставајќи ги зад себе Американката Михаела Шифрин и сонародничката Венди Холденер.

Новата олимписка шампионка имаше вкупно време 2:20.50 стотинки, Шифрин задоцни за 97 стотинки, а Холендер за секунда и 44 стотинки.

Гисин во Пјонгчамг го повтори успехот на својата сестра Доминик која пред четири години во Сочи го освои златниот медал во спуст.

Среброто е втор медал што Шифрин го освои во Пјонгчанг, откако претходно победи во велеслалом, а вториот медал на Игрите го освои и Холендер, таа претходно се закити со сребро во слалом.

Една од фаворитките Линдзи Вон остана без медал. Американката по спсутот го имаше најдобриот резултат, но во слаломската трка направи голема грешка и не стигна до целта.

Слаломот во комбинација беше последната трка на Вон на зимските олимпијади, бидејќи таа најави дека нема да се натпреварува за четири години на Игирте кои ќе се одржат во Пекинг.

Watch Attack on Titan Season 2 Episode 12 at AnimeHeaven animeheavenru

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? (Dub) (https://funimationfree.com/m/yNdE) Episode 13 at website https://funimationfree.com funimation settings

Scroll to Top