Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Холандија супериорна, прво злато и за домаќините

Холандија покажа дека повторно очекува „жетва“ на медали во брзото лизгање, откако во женската трка на 3.000 метри „оранје“ ги освои првите три места.

Карлајн Ахтеректе ја совлада актуелната олимписка и светска шампиона Ирене Вуст за златото, додека бронзата отиде кај Антоанете де Јонг. Германската ветеранка Клаудија Пехштајн, која се натпреваруваше на неверојатната седма Олимпијада заврши само како деветта.

Вуст освои две злата и три сребра во Сочи во 2014 година, а сега со среброто во Пјонгчанг се израмни со Пехштајн како најуспешна натпреварувачка во брзо лизгање. Холандија освои осум до 12-те медали во брзо лизгање во Сочи, имаше четири 1-2-3 победи и собра 23 од 26-те медали.

Прво злато освои и домаќинот Јужна Кореја, откако Лим Хјо-џун победи во машката трка на 1.500 метри во брзо лизгање на кратки патеки (сосема поинаков спорт од обичното брзо лизгање), воодушевувајќи ја преполната „Гангеунг“ ледена арена.

Лим го победи Сјинки Кнегт од Холандија, додека бронзата отиде кај Семен Елистратов, кој стана првиот натпреварувач од Русија со медал во Пјонгчанг, иако медалот ќе се брои како „независен“, бидејќи сите руски спортисти на Олимпијадата се дел од тимот под име „Олимписки спортисти од Русија“.

Scroll to Top