Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Историска победа на Далмајер

Германската бијатлонка Лаура Далмајер го освои златниот медал во потерата на 10 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Далмајер претходно стана олимписка шампионка и во спринт. Таа е првата жена во историјата која ги обединила олимписките титули во овие две дисциплини.

Далмајер со оваа победа само ја продолжи доминацијата на Германците во бијатлон на Олимписките игри во Пјонгчанг. Претходни таа освои злато во спринт, а во истата дисциплина кај мажите славеше нејзниот сонародник Арнд Пајфер.

Германката во целта имаше време 30:35.3 минути, а на патот до златниот медал имаше само едно промашување на стрелиштето.

Среброто и припадна на Анстасија Кузмина од Словачка, која имаше послабо време за 29 секунди од Гермнаката, додека бронзата ја освои Ана Бекон од Франција.

Scroll to Top