Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Клои Ким и го донесе третото злато на САД

Американските спортисти ја продолжија својата доминација во сноуборд на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Три натпреварувања досега се одржаа во сноуборд на ЗОИ и на сите три победија спортистите од САД. Откако претходно во дисциплината слоупстајл златните медали ги освоија 17-годишниот Џерард во машка и Андерсон во женска конкуренција, во вторникот со најсјаното одличје во дисциплината халфпајп се закити Клои Ким.

Доминантната победа во финалето во халфпајп, Ким ја најави уште во првата серија кога собра 90 поени. Во наредните серии соубордерката која има јужнокорејски корени, само ја потврди победата.

Второто место и сребрениот медал го освои Џиау Лиу, додека голема борба за бронзата водеа Американките Ариел Голд и Кели Кларк. На крајот бронзата и припадна на Голд.

САД во досегашниот тек од ЗОИ во Пјонгчанг имаат освоено шест медали, од кои три се златни и во пласманот на медалисти се наоѓаат на третото место зад Германија и Холандија.

Scroll to Top