Норвешките скијачи доминираа на спуст трката што се одржа на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. На трката победија Аксел Лунд Свиндал и Четил Јансурд. Ова е прв злато за Норвешка во спуст по пауза од 70 години и Игрите кои се одржале во 1948 година.
Спустот што требаше да биде одржан пред четири дена, а беше одложен поради силниот ветер, коонечно се одржа и заврши во триумф на искусните норвешки скијачи.
Свиндал победи со време 1:40.25 минути, а неговиот сонародник Јансурд за него задоцни за само 12 стотинки (1:40.35 минути), третото место и бронзениот медал му припадна на лидерот во светскиот куп во оваа дисциплина Беат Фојц од Швајцарија (1:40:43 минути).
Аксел Лунд Свиндал на 35-годишна возрас стана најстариот олимписки победник во една дисциплина во алпското скијање.
Свиндал во Пјонгчанг го освои второто олимписко злато во кариерата, до првото стигна на Игрите во Ванкувер во 2010 година. Покрај двете злата тој на олимпијадите има освоено едно сребро и една бронза.
Четвртот олимписки медал во кариерата го освои и Јансурд. Во кариерата тој на олимпијадите има освоено едно злато, две сребра и една бронза.