Top Sport

ЗОИ Пјонгчанг: Одложен женскиот велеслалом

Силниот ветер продолжува да им прави проблеми на организаторите на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. Лошите временски услови го одложија денежниот велеслалом во женска конкуренција. Претходно организаторот ја одложи машката спуст трка, а не с еодржаа квалификациите во сноуборд во женска конкуренција.

Ветерот кој дува со брзина од 70 километри на час ја одложи велеслаломската трка во женска конкуренција. Организаторот соопшти дека трката ќе се одржи в четврток на 15.февруари.

Во четврток ќе биде одржан и одложениот спуст во машка конкуренција.

Според сатницата, в четврток, од 9:30 часот по локално време ќе стартува првата велеслаломска трка кај дамите, потоа од 11:15 часот ќе се вози машкиот спуст, а втората трката во велеслалом дамите ќе ја стартуваат во 13:15 часот.

Според распоредот, доколку тоа го дозволат временските услови, следната трка во лпско скијање е машката комбинација која се закажана за утре.

Scroll to Top