Јужнокорејката Јура Мин имаше неславно деби на домашните Олимписки игри, откако поради проблеми со облеката нејзината рутина со партнерот Алексасндер Гамелин освои помалку бодови.
Таа преку Твитер се заблагодари на публиката за поддршката и порача дека ќе биде подготвена за индивидуалното натпреварување. 22-годишната Мин остана смирена под притисок и не направи многу грешки додека постојано се обидуваше да го задржи фустанчето.
„Знаев дека ако се случи тоа ќе излезе цел фустан. Бев исплашена во текот на целата програма. Знам дека многу девојки веднаш би застанале, но важни беа поените бидејќи ова е натпреварување. Казната ќе беше преголем“, вели Мин.
Мин и Гамелин завршија на 9. место од 10 пара.