Камил Стох од Полска ја одбрани титула на големата скокалница во Пјонгчамг и го освои третот злато во кариерата на Зимските олимписки игри.
Стох, кој на малата скокалница, го освои четвртото место, во саботата со скоковите од 135 и 136,5 метри ја одбрани титулата од Сочи на големата скокалница. Полјакот на првото место собра вкупно 285,7 бода.
Извонредниот послки ски скокач во Пконгчанг стигна до третото олимписко злато во кариерата и на вечната листа се израмни со легендарниот Финец Мати Никене. Пред Никенен и Стокх се наоѓа уште една легенда Швајцарецот Симон Аман.
Сребрениот медал му припадна на победникот на малата скокалница, Андреас Велингер од Германија. Велингер во правата серија скокна 135,5, а во втората 142 метри.
На третата позиција се пласираше Норвежанецот Роберт Јохансон со скоковите од 137,5 и 134,5 метри.
17FEB Ski Jumping – Men’s Large Hill Individual
2/17 스키점프 – 남자 라지힐 개인Gold? STOCH Kamil / #POL
Silver? WELLINGER Andreas / #GER
Bronze? JOHANSSON Robert / #NORCongratulations!? 축하합니다!!#PyeongChang2018 #SkiJumping pic.twitter.com/yM8UoVO0sT
— PyeongChang 2018 (@pyeongchang2018) February 17, 2018