Рускиот скијач Павел Трихичев имаше страотна несреќа за врема на спустот во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. За среќа рускиот алпинец минал без сериозни повреди. Причина за несреќата е ветерот кој неколку дена им сосздаво проблеми на организаторите.
При брзина од 60 километри на час, поради ветерот, при еден скок изгубил контрола и по падот завршил во заштитната ограда. Трихичев неподвижно лежел се додека не пристигнале тимовите за спасување.
Трката, поради страотниот пад на Русинот била во прекин 15 минути, а продолжила откако Трихичев бил превезен во болницата.
Информациите од Пјонгчанг говорат дека Трихичев не е повреден, но дека поради рутинска контрола ноќта ќе ја мине во болницата.
Miesten alppiyhdistetyn alussa nähtiin heti dramatiikkaa, kun Pavel Trikhichev ajoi rajusti ulos. Romar laskee numerolla 37. #PyeongChangFi #Olympialaiset pic.twitter.com/NsXjRTcx62
— Eurosport Suomi (@EurosportSuomi) February 13, 2018