Американката Микаела Шифрин победи на олимпискиот велеслалом во Пјонгчанг. За Шифрин ова е второ злато во кариерата откако пред четири години во Сочи освои злато во слалом.
Шифрин по двете возења во Пјонгчанг имаше вкупно време од 2:20:02 минути. Американката првата трка ја заврши над второто место зад Италијанката Мануела Мелг која целосно потфрли во втората трка и на крајот го освои осмото место.
Изненадувачки на второто место се пласира Норвежанката Рагнхилд Мовнкел кој имаше за 39 стотинки послаб резултат од победничката. Бронзениот медал го освои Италијанката Федерика Брињоне.