Top Sport

ЗОИ: Русите со „лекција“ за Американците, Словенците со важна победа

Поранешната НХЛ мега-ѕвезда, Илја Ковалчук го предводеше рускиот хокеарски тим во Пјонгчанг до импресивна 4:0 победа над САД за да го обезбедат првото место во групата Б и директно место во четврт-финалето на олимпискиот турнир, додека Американците ги очекува потешка задача.

Ковалчук, кој беше херој на Њу Џерси девилс, постигна два гола, а дека Русите не се потпираат само на ветераните покажа и Николај Прохорин, кој беше избран на НХЛ драфтот од Лос Анџелес кингс, додаде уште два гола.

Под олимпискиот формат, победниците на првите три групи и најдобриот второпласиран тим се директно во четврт-финалето, додека преостанатите осум тима ќе се борат за последните четвртфинални места.

Второто место во групата обезбеди Словенија, која со 3:2 ја совлада Словачка во вториот меч и тоа со гол во продолжението, за да остане во игра за четврт-финале.

Во групата А, Чесите стигнаа до првото место откако со 3:2 ја шокираа Канада, додека Швајцарија со 8:0 ги понижи домаќините.

ГРУПА А

Канада – Чешка 2:3

Јужна Кореја – Швајцарија 0:8

Табела: 1.Чешка 5, 2.Канада 4, 3.Швајцарија 3, 4.Јужна Кореја 0

ГРУПА Б

Олимписки спортисти од Русија – САД 4:0

Словенија – Словачка 3:2

Табела: 1.Русија 6, 2.Словенија 4, 3.САД 4, 4.Словачка 4


Scroll to Top