Top Sport

ЗОИ: Словенците ги „стопија“ Американците, Словаците ги шокираа Русите!

На стартот на првиот олимписки хокеарски турнир без НХЛ играчи од Нагано 1998 година се случи и првиот голем шок, Словенија со 3:2 успеа да ги совлада фаворизираните Американци за шокантен триумф.

Американците очекувано водеа со 2:0 по две третини игра, пред Блаж Грегорц прво да намали на 2:1, а потоа на сцена да стапи поранешниот напаѓач на Детроит ред вингс и единствен со НХЛ искуство во словенечкиот тим, Јан Мурсак, кој прво израмни на 2:2 на 1:37 пред крајот на мечот, за по само 38 секунди од продолжението да го постигне победничкиот гол.

Слично изненадување направија и Словаците против Олимпискиот тим на Русија, репрезентацијата која се смета за прв фаворит за златото во Пјонгчанг. Русите имаа „експлозивен“ старт и преку Прохорин и Капризов стигнаа до 2:0 водство по само четири минути игра.

Меѓутоа, до крајот на првата третина, Словаците израмнија преку два брзи гола на Олвецки и Бакош, за по тесна борба во следните две третини, човек на одлука да биде Петер Черешнак со гол на стартот на последната третина.

ГРУПА Б

Словачка – Олимписки спортисти од Русија 3:2

Словенија – САД 3:2 ОТ

Scroll to Top