Top Sport

ЗОИ: „Среќните“ гаќи му донесоа титула на Братен (видео)

Норвежанецот Ојстеин Братен, кој признава дека ги носи истите „среќни“ гаќи на сите натпреварувања, имаше одличен ден за да го освои златниот медал во Пјонгчанг во фристајл скијање, дисциплината слоупстајл.

Братен доби оценка од 95.00 во првото возење, за да биде доминантен пред Американецот Ник Грепер (93.60) и Канаѓанецот Алекс Бојлиу-Маршан (92.40). Во слоупстајл скијањето, натпреварувачите мораат да поминат низа пречки, како „шини“, скокови, а добиваат поени за оригиналност и за квалитетот на триковите. Натпреварувањето во Пјонгчанг беше конкурентно од старт до финиш – осум од 12-те квалификувани освоија над 90 поени.

„Да се биде дел од вакво финале беше неверојатно. Квалитетот беше на толку високо ниво, а многу момци кои денеска се натпреваруваа беа моја инспирација во кариерата“, вели Братен, кој беше само 10. во Сочи пред четири години.


Прво злато за Украина во Пјонгчанг донесе Олександер Абраменко, кој успеа да ги победи Кинезот Џија Зонгјанг и Русинот Илија Буров во ериалс финалето, во дисциплина во која скијачите прават неверојатни акробации во три обиди.

 

Scroll to Top