Американскиот тинејџер, Ред Џерард го освои првото злато за САД на Олимпијадата во Пјеонгчанг, триумфирајќи во сноуборд-слоупстајл по спектакуларното последно возење на „Феникс сноу паркот“.
17-годишниот Џерард направи грешки во првите две возења, но во последното имаше совршена комбинација на 1080 свртување за да постави време од 87.16. Канаѓанецот Макс Перот го освои среброто со 86.00, а првиот фаворит Марк Мекморис освои 85.20 поени за бронза за Канада.