Додека Роџер Федерер е еден од најинтервјуираните спортисти на планетата, неговата сопруга, поранешната тенисерка Мирка Вавринец нема дадено официјално интервју со години.
Симон Граф, авторот на неодамна издадената биографија на 20-кратниот гренд слем шампион, вели дека тоа е по барање на самиот Федерер.
„Тој и препорача да не го прави тоа уште пред 10 години. Роџер сака да ја има контролата, не сака ниту другите луѓе во неговиот тим да зборуваат. Неговиот физиотерапевт Даниел Трокслер не зборува, Иван Љубичиќ исто така. Северин Лути зборува, но тој е и швајцарски Дејвис куп капитен, така што мора да има однос со медиумите. Роџер затоа зборува за сите заедно, иако ако сте забележале приватните детали остануваат приватни“, вели Граф.
Според авторот, оваа контрола Федерер ја има на целата своја активност.
„Тој сака да знае што се случува околу него. На пример неговата фондација, тој не го даде само своето име, туку оди на сите состаноци и сака да знае што точно е планирано. Таа контрола му носи голем успех. Тој е човек кој свесно ја движи својата кариера“, додава Граф.