Хрватот Филип Зубчиќ поведи на трката во велеслалом, која се одржа во Санта Катерина. За Зубчиќ ова е втора победа во Светскиот куп, првата ја забележа во истата дисциплина, на почетокот на годината во Јапонија.
Зубчиќ возеше одлично во втората трка, ги искористи лошите временски услови и на крајот победи со вкупно време 2.15.06 минути.
Второто место го освои, водечкиот по првата трка, Словенецот Жан Крањец. Крањец задоцни за само 12 стотинки зад победникот. На третото место се пласираше Швајцарецот Марко Одермат.
Со оваа победа Зубчиќ се искачи на втората позиција во генералниот пласман, со 148 поени. Лидер е Алексис Пинтаро до 195.