Top Sport

Зубчиќ победи во Банско

Филип Зубчиќ од Хрватска победи на трката во велеслалом, која во саботата, се возеше во Банско. Победата во Ванско е втора сезонава, а вкупно трета во кариерата ба Зубчиќ.

Хрватот по двете трки имаше време со време 2:20.62 минути. Во првата трка тој беше втор, а во втората, во која сите имаа лоши резултати, беше десетти, но и тоа му беше доволно за да се искачи на највисоката скала на пиедесталот.

Втор трката ја заврши Матје Фавр, кој беше најбрз по првата трка, а како трет целта ја мина Штефан Бренстајнер од Германија.

Лидер во оваа дисциплина е Алекси Пантиро, кој во Бансо заврши на четвртата позиција. Пантаро води со 490 бодови, втор е Зубчиќ со 468, а трет Марк Одемарт со 445 поени.

Scroll to Top