Top Sport

Зверев елиминиран од Ју-ес опен

Светскиот рекет број 3, Александар Зверев, го заврши својот настап на Ју-ес опен. Германецот, кој сезонава игра во променлива форма, по речиси четири часа борба загуби од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Финалистот од 2020 година беше елиминиран во третото коло, Оже-Алијасим беше подобар од него по четири сета (3:1), по сетови 4:6, 7:6(7), 6:4, 6:4 по речиси четири часа игра (3:49).

Зверев имаше предност од еден сет и ја пропушти можноста да го освои вториот, подоцна Алијасм во тај-брејкот изеначи на 1:1 и целосно ја презеде контролата врз натпреварот.

Германецот не успеа да се опорави од шокот, нето што често му се случува сезонава, Канаѓанецот издоминира и заслужено се пласира во осминафиналето.

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

Scroll to Top