Top Sport

Зверев и Качанов закажаа дуел во Париз, Сок се „прошета“ против Јазири

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на Мастер турнирот што се одржува во Париз. Тој денеска по 80 минути игра со 6:2 и 6:2 во сетови го победи Аргентинецот Диего Шварцман.

Противник на
Зверев во четвртфиналето ќе му биде Русинот Карен Качанов кој денеска попладне успеа да слави тешка победа против Американецот Џон Иснер со резултат 2:1 во сетови, 6:4, 6:7 и 7:6.

Тунижанецот Јазири попладнево немаше никакви шанси против Американецот Џок Сок, откако беше убедливо поразен со 0:6 и 4:6.

Претходно, за влез во четвртфиналето на турнирот се изборија Новак Ѓоковиќ, односно Марин Чилиќ.

Scroll to Top