Top Sport

Зверев ќе ја брани титулата во Рим

Германецот Александар Зверев ќе ја брани титулата на мастерсот во Рим, откако во полу-финалето го победи Марин Чилиќ со 7:6, 7:5.

Мечот што траеше два часа и четири минути го обележа тај-брејкот на првиот сет, кој Зверев го доби со 15:13, откако Чилиќ пропушти да реализира пет сет топки.

На почетокот на вториот сет Чилиќ успеа да му го одземе сервисот на Зверев, а Германецот возврати во осмиот гем кога израмни на 4:4. Конечниот удар Зверев на својот противник му го зададе во 12.гем, кога Чилиќ сервираше за нов тај-брејк.

Зверев, в недела, во финалето, титулата ќе ја брани против Рафаел Надал. Мечот ќе започне во 16 часот.

Scroll to Top