Top Sport

Зверев освои трофеј во Келн, прв по пауза од 17 месеци

Германскиот тенисер Александер Зверев ја освои титулата на АТП турнирот во Келн откако во финалето славеше против 22-от светски играч во моментов, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим по 2 сета о 6-3 и 6-3.

Зверев кој во моментов е на седмата позиција на АТП листата славеше победа по 80 минути игра, откако четирипати го земаше сервисот на противникот.

За германскиот тенисер титулата во Келн е 12-та во кариерата, а претходната ја освои пред цели 17 месеци.

Оже-Алијасим и понатаму е без титула во кариерата, откако шестпати губи во финалињата изминативе две сезони.

Scroll to Top