Top Sport

Зверев „плачеше“, Ѓоковиќ му го даде поенот (видео)

Новак Ѓоковиќ повторно е во полуфиналето на Ролан Гарос по лесната 7:5/6:2/6:2 победа над Александер Зверев, во меч во кој доби и аплаузи за покажаниот фер-плеј.

Во осмиот гем на првиот сет (кој единствено беше тесен), Ѓоковиќ ја покажа својата големина. При сервис на Германецот, линискиот судија одлучи дека е аут, а Германецот почна да се жали, по што главниот судија се симна од столче и потврди дека се работи за аут.

Додека Зверев беснееше, Ѓоковиќ сам го прегледа местото каде што падна топчето и му сугерираше на судијата дека поенот е внатре, во основа предавајќ му го поенот.

Scroll to Top