Top Sport

Зверев: Се плашам кога ќе го видам Надал со маичка без ракави

Германската тениска ѕвезда Алекс Зверев вели дека соработката со новиот фитнес-тренер Џез Грин, кој претходно работеше со Енди Мареј на почетокот е разочарувачка поради физичката градаба на тенисерот.

„Јас уште сум најслабиот на АТП турнејата, иако се здебелив 15 килограми. Кога Грин работеше со Енди се забележуваше дека тој стана еден од најсилните момци на турнејата, а јас уште сум слаб. Ме викаат аспарагус. Видете ме мене, кој ќе се плаши од овие мускули. Кога Рафа ќе облече маичка без ракави, е тоа е застрашувачки. Кога ќе ме видат мене се смеат“, вели Зверев.

Scroll to Top