Top Sport

Зверев триумфираше против Шварцман на Мастерсот во Лондон

Германскиот тенисер, Александер Зверев стигна до првата победа на завршниот Мастерс тениски турнир во Лондон. По повеќе од два часа игра, тој славеше со 2-1 во сетови (6:3, 4:6, 6:3) против Аргентинецот Диего Шварцман.

Зверев убедливо со 6-3 го доби првиот сет и кога нивото на самодоверба се искачи на потребното ниво, студен туш од аргентинскиот тенисер во вториот сет. Иако Зверев имаше предност од 3-1, Шварцман успеа да направи пресврт и да го добие вториот гем со 6-4 со што мечот отиде во трет, одлучувачки сет.

Тука само еден брејк на Зверев му беше потребен за да го запише првиот триумф во Лондон, а до него стигна во петтиот гем.

Во вечерниот термин се игра вториот меч од оваа група, а во него Новак Ѓоковиќ за противник го има Русинот Данил Медведев. Во моментов Зверев, Ѓоковиќ и Медведев имаат по еден триумф, а Шварцман е со два порази.

Во последното трето коло Зверев ќе се соочи со Ѓоковиќ, додека силите ќе ги одмерат Медведев и Шварцман.

Scroll to Top