Арпад Штербик, голманот на Вардар, повторно има место во изборот на колото на ЕХФ, во категоријата „Најдобри одбрани“.
Штербик имаше 17 интервенции во 10.коло, во кое европскиот првак Вардар, во Скопје, го декласира Кристијанштад со 31:16.
Ваквата партија на Штербик, кој во текот на целиот натпревар диригираше со вардаровата одбрана, не беше доволна за ЕХФ да го смести во тимот на колото.
Најдобрите пет одбрани во 10.коло може да го погледнете на следниот ЛИНК