Ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ го обележа третото коло на Светското првенство во Германија. На натпреварот во Лајпциг таа со гол на три секунди до крајот ја спаси од пораз својата репрезентација.
Цвијиќ натпреварот го заврши со два гола, додека најефикасна кај Србија беше Крпеж со седум гола. Најефикасна кај Германките беше Хубер со шест гола.
Дербито на третото коло се одигра во А-групата помеѓу Романија и Шпанија. Одбраните и голманките доминираа поради што беа постигнати само 36 гола, а Романија славеше 19:17. Кристина Неагу со осум гола беше најефикасна кај Романките, а голманката Думанска имаше 11 интервенции.На другата страна Пења и Алварез постигнаа по четири гола, а Наваро имаше 11 одбрани.
Група А:
Словенија-Ангола 32:27
Романија-Шпанија 19:17
Франција-Парагвај 35:13
Табела: Романија 6, Шпанија 4 Словенија 4, Франција 4, Ангола 0, Парагвај 0
Група Б:
Унгарија-Аргентина 33:15
Шведска-Чешка 36:32 22:25
Норвешка-Полска 35:20
Табела: Норвешка 6, Чешка 4, Шведска 4, Унгарија 2, Полска 2, Аргентина 0
Група Ц:
Црна Гора-Јапонија 28:29
Русија-Бразил 24:16
Данска-Тунис 37:19
Табела: Русија 6, Данска 5, Бразил 3, Јапонија 3, Црна Гора 2, Тунис 0
Група Д:
Германија-Србија 22:22
Камерун-Холандија 22:29
Јужна Кореја-Кина 31:19
Табела: Србија 5, Германија 5, Ј.Кореја 4, Холандија 4, Камерун 0, Кина 0