Наташа Нолевска ракометарката на Корона Брашов е суспендирана поради недозволена ласерска терапија на 16 месеци.
Допинг скандалот во кој беше вмешан речиси целиот тим на Брашов во ноември минатата година го стресе романскиот ракомет.
Недозволена терапија користеле 16 ракомтарки. Три ракометарки добиле забрана за настап во траење од 15 месеци, а заедно со Нолевска на уште пет ракометарки им е изречена суспензија од 16 месеци. Осуме други ракометарки добиле 20 месечна суспензија.
Суспензијата за сите кои добија казни важи од 25 ноември 2019 година кога беше отворена истрагата по повод овој скандал.