Легендарниот голман Арпад Штербик поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 реши неколку месеци порано од планираното да ја заврши кариерата. Штербик (40) ќе биде запишан во историјата на ракометот како еден од најдобрите голмани.
Во импресивната кариера Штербик ги освоил сите можни трофеи, меѓу ние е и Лигата на шампионите со Вардар во 2017 година, а бранел за три репрезентации (Југославија, Србија и Црна Гора, Шпанија).
Висок 200 сантиметри и тежок 120 килограми Штербик не крие дека тренинзите не му биле омилениот дел од ракометната игра. Открива дека Талант Душебаев му го сменил начинот на тренирање.
„Еднаш се натпреварував со Рутенка, се тркавме, а јас се повредив. Талант беше лут и ми кажа дека повеќе никогаш не смеам да трчам. Од тој ден трчав само по два метри лево и десно. Можеш да ме ставиш да бранам 12 часа и тоа нема да ми претставува проблем. Но ако ми кажете да трчам и да кревам товар, тогаш нема да бидам расположен. Тоа не е за мене, не ми се допаѓа“, рекол „Арпад Велики“.