Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) и германската компанија „Адидас“ потврдија дека нема да го продолжат спонзорскиот договор по 31 декември 2017 година.
Германскиот „Адидас“ беше долгогодишен соработник на ИХФ, работејќи заедно на Светските првенства и на Олимписките игри повеќе од пет децении.
„ИХФ сака да се заблагодари на ‘Адидас’ за професионалната и успешна соработка, која траеше декади“, се вели во соопштението на ИХФ.
„Адидас“ е еден од петте официјални „партнери“ на ИХФ покрај Герфлор, Молтен, Беин спортс и Интерспорт.