Данскиот репрезентативец Ласе Андерсон (26) повеќе не е играч на Барселона. Андерсон по четири години го напушти најтрофејниот шпански клуб и се пресели во Бундеслигата, во екипата на Фуксе Берлин.
Андерсон за четири сезони освои 18 трофеи со Барселона. Во овој период имаше и повреда на лигаментите на коленото поради што паузираше 13 месеци.
„Им се заблагодарувам на сите соиграчи со кои ја делев соблекувалната во овие четири години. Ми беше задоволство што го делев дресот со вас. Сите се боревме, имавме некои спектакуларни моменти“, рекол Андерсон.