Во пресрет на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, специјализираниот ракометен портал „хендбол-планет (handball-palnet.com)“ ја објави листата на најдобрите трансферот што се случиле пред почетокот на оваа сезона.
Според порталот, голманот на Вардар Дејан Милосављев е трансфер на сезоната 2018/2019. 22 годишниот репрезентативец на Србија, во Вардар, пристигна кога клубот остана без Арпад Штербик и на вистински начин го замени еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот. Милосављев во Вардар пристигна од редовите на Партизан.
Поради лошата финансиска ситуација во која се наоѓа Вардар, Милосављев по завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се пресели во Фуксе Берлин.
Според порталот во Топ 25 најдобри трансфери има место за уште двајца играчи од актуелниот состав на Вардар. На четвртото место е трансферот на Сташ Скубе од Пик Сегед, а на 20 место е трансферот на Глеб Калараш од Магдебург.