Голманот на Рајн Некар Микаел Апелгрен ќе отсуствува од тимот најмалку до крајот на годината. Рајн Некар е еден од противниците на Еурофарм Пелистер во групата во Лига Европа. Дуелот помеѓу двата клуба е закажан за 24 ноември.
Рајн Некар објави дека голманот сигурно ќе биде надвор од тимот во наредните три месеци поради операцијата на рамото.
Апелгрен е член на Рајн Некар од 2015 година, претходно три сезони бранеше во Мелсунген.
Сигурна опција на голот на Рајн Некар е сонародникот на Апелгрен и колега од репрезентацијата на Шведска, Андрес Палицка.