Рускиот репрезентативец Павел Атман го напушти Вардар. Тој веднаш најде клуб, се врати во татковината и потпиша за Спартак Москва. На ваков чекор се решил поради неисполнетите финансиски обврски од страна на сега веќе неговиот поранешен клуб, Вардар.
Вчера речиси во исто време Даинис Криштопанс и Павел Атман ги напуштија редовите на европскиот првак Вардар. Летонецот Криштопанс до крајот на сезоната ќе игра во Фуксе Берлин, а потоа се сели во Пари Сен Жермен, додека Атман потпишал договор со Спартак Москва до 2021 година.
„Ги добив документите и веднаш го реализирав трансферот. Иднината на Вардар е неизвесна, никој не знае до кога ќе трае оваа ситуација. Откако дојдов во Вардар не сум добил плата. Морав вака да реагирам, в специфична ситуација сум, сопругата е бремена со второто дете. Поради тоа се решив да ја прифатам понудата на Спартак“, рекол Атман за руските медиуми.
Покрај Криштопанс и Атман вечра голманот Калифа Гебдан договорил трансфер во Адемар Леон кој ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната. Од претходно беше познатот дека Данил Шишкарев наредната сезона ќе игра во Веспрем.