Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска, Жељко Бабиќ е новиот тренер на Еурофарм Пелистер. На клупата тој го наследи Стевче Алушовски.
Бабиќ е познато име на овие простори, во минатото работел во екипите на Загреб, Мешков Брест и Горење Велење.
47 годишниот тренер има големо искуство и со работата во хрватскиот национален тим. Како помошник на големите натпреварувања освоил три бронзи и едно сребро, додека како селектор со Хрватска се закити со брнзен медал на Европското првенство во Полска пред три години.
Бабиќ на кормилото на Еурофарм Пелистер ќе дебитира наредниот месец на натпреварите со Нексе во СЕХА-лигата.