Top Sport

Балиќ се враќа во хрватската репрезентација

Хрватите подготвуваа мала реконструкција откако ракометната репрезентација не успеа да избори пласман на Олимписките игри во Токио.

Хрвтите за еден месец, во рамките на Европскиот куп, ќе играат два пати со Словачка и еднаш со Унгарија.

Селекторот Хрвоје Хорват, кој по Светското првенство го наследи Лино Червар, во националниот тим го врати Ивано Балиќ. Легендата на светскиот ракомет ќе му биде асистент на Хорват. Балиќ пред три години беше директор на репрезентацијата.

Покрај Балиќ, Хрватска ќе добие нов тренер на голманите. На оваа позиција ќе дојде долгогодишниот помошник на Хорват во Нексе, Нино Павелиќ.

Scroll to Top