Шпанскиот ракометен гигант Барселона убедливо ја освои годинешната Лига на шампиони.
Во денешното финале во „Ланксес Арената“ убедливо беа подобри од Алборг, со 36-23.
Иако данскиот претставник на Ф4 турнирот во Келн во полуфиналето го елиминираше ПСЖ, денеска Барса уште по првото полувреме покажа кој е кој на ракометната мапа, по 30 минути игра на семафорот стоеше 16-11.
Во вториот дел шпанската „машина“ продолжи да го полни данскиот гол за конечни +13.
Алеиш Гомез беше стрелец на 9 гола, 6 постигна Нгесан, а петпати прецизно стрелаше Лука Циндриќ.
Сандел постигна 8 гола за Алборг.
Каталонците во 15-тото европско финале стигнаа до 10-тата титула.