Top Sport

Барса со клучна победа над Флензбург, ПСЖ ќе мора во осминафинале

Барселона со 29:22 го победи Флензбург во клучното последно коло во групата А во ЕХФ Лигата на шампионите за да го потврди директното место во четврт-финалето заедно со полскиот Кјелце и во исто време да го направи последниот меч од вечерта, дербито помеѓу Пари Сен-Жермен и Веспрем само меч за престиж.

Доколку Барселона не победеше, ПСЖ со триумф над унгарскиот клуб ќе го преземеше второто место на табелата и ќе избегнеше бараж, односно меч во осминафиналето.

Алеиш Гомез беше најдобар за Барса со 9 гола, додека четири ракометари постигнаа по четири гола – Дика Мем, Тимоти Н’Гесан, Лудовик Фабрегас и Ханиел Лангаро. Хампус Ване беше најдобар за Флензбург со 6 гола.

Scroll to Top